Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

ArtMe ја доби Наградата за Дизајн на производи, Црвена Точка 2010 - Една од најпрестижните награди за дизајн во светот и единствена на полето на огноотпорни фасади и покриви

Ессен/Германија 6-ти Јули 2010 – Тримо го разви ArtMe, нов начин на индивидуално дизајнирање на површини на фасадни облоги, со што ја доби Престижната Награда за Дизајн на Производи, Црвена Точка . Ова го направи ArtMe единствен производ кој ја доби оваа награда на полето на огноотпорни покриви и фасади. ArtMe беше избран од 4,252 аплицирани проекти од 57 земји. Покрај тоа, ArtMe беше еден од 7-те словенечки производи кој ја доби наградата Црвена Точка. Претставници од Тримо ја примија наградата, на церемонија во чест на победниците, одржана вчера во Опера Хаус Алто-Театарот во Ессен, Германија. ArtMe е резултат на соработка помеѓу словенечките: Форми Лабораторија од Машинскиот факултет, Универзитетот во Љубљана и Студиото за дизајн на Горење (ГДС).
ArtMeовозможува креација на виртуелни ефекти со сенки, облици и шари на површината на фасадата. Покрај употребата на 3 пред-припремени шари ( во опсег од 3 основни дизајни), новиот технолошки пристап исто така овозможува  слободна употреба на единствени облици, слики, знаци, логоа и бренд знаци на површината од Tримо фасадните елементи, врз основа на идеите од архитектот.

Главна предност на ArtMe изборот, за крајниот корисник, е опцијата за комплетна индивидуализација на крајниот изглед на фасадата. Главната карактеристика на иновацијата е скриена во употребата на софистицирана технологија за реформирање на постоечките финални производи, така што оперативниот квалитет, основниот интегритет и карактеристиките на фасадниот систем, креираат постојано производство на нови слики за набљудувачот ( во зависност од светлото, аголот и светлосниот извор).


Изложба на победнички производи во Музејот за дизајн, Црвена Точка

ArtMe и други наградени проекти ќе бидат изложени од 6 јули до 1 август 2010 на изложбата со наслов “Дизајнот на сцена- победници на Црвена Точка наградата: Дизајнирани производи 2010“ во Црвена Точка музејот за дизајн во
“Zeche Zollverein”, центарот за културно богатство во Есен. На крајот од оваа изложба ArtMe ќе биде изложен најмалку уште една година на постојаната изложба во Музејот Црвена Точка. Изложбата е големо интернационално достигнување за секоја компанија, бидејќи Црвена Точка Музејот со своите 1.500 производи, на повеќе од 4.000 м2, нуди најголема постојана изложба на модерниот дизајн во светот.


Награда Дизајн Црвена Точка

Наградата за Дизајн, Црвена Точка-која датира од далечната 1955- е најголем и најпопуларен интернационален натпревар за дизајн. Тој ги компарира индивидуалните дисциплини : “Црвена Точка Награда:Дизајн на производ“ ,“Црвена Точка Награда: Комуникациски дизајн“ ,  “ Црвена Точка Награда:Дизајн на концепт“ .


Коментари:

Иницијаторот и специјалист за дизајн, Професорот Др. Петер Зец, нагласи дека квалитетот е витален во процесот на наградување. “Сите производи кои ќе ја добијат Наградата за Дизајн-Црвена Точка, ја добиваат од интернационално жири од специјалисти, кое се уверува во нивниот квалитет“.
Наградените производи се издвојуваат од сивиот просек со нивниот одличен концепт и иновативен пристап, а сега тие исто така и го докажаа својот квалитет во еден од најтешките натпревари за дизајн во светот.


Др.Виктор Залетељ,  таткото и основач на ArtMe и Раководител на ArtMe
развојниот проект во Тримо : “ Идејата за ArtMe отвора нови правци во разбирањето на многу сериски производи. ArtMe се разликува од многуте вообичаени конфигурациски можности од комбинации/ соединенија/ детали, однапред овозможувајќи понуда за комплетна индивидуализација на дизајнот на фасадата, без многу дополнителни елементи.


Проф.Др.Карл Кузман, Раководител на Форми лабораторијата на Машинскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана: „ Оние од нас кои го знаат Тримо не се изненадени што компанијата доби вака престижна награда бидејќи целиот Тримо е постојано “црвена точка“. Фактот дека ArtMe беше тој што ја доби наградата само потврди дека свежите, прифатливи и комерцијално интересни идеи можат да бидат откриени и побрзо, доколку науката, проектантите, архитектите, производителите и маркетингот, работат под еден покрив, во една иновативна компанија. Му честитам на Тримо. Ние сме среќни и горди што сме дел од ArtMe тимот“.


Јасна Петан, МА Директор, Студио за Дизајн на Горење: “ Главниот предизвик во креирањето на ArtMe шарите беше во комбинирање на архитектонски, технолошки и графички елементи, за да се простигне апстрактен резултат и да се индивидуализира изгледот на фасадата во исто време. Квалитетот на дизајнерското решение е резултат од успешна соработка помеѓу проектантот Давид Цугељ и архитектот Саша Хиберник од Проектантското студио на Горење со развојниот тим од Тримо и Форми лабораторијата од Машинскиот Факултет во Љубљана. Наградата Црвена Точка е само потврда за клучната улога на обединетото интердисциплинарно знаење за иновација и додадената вредност на производот“.

 

За Тримо

Тримо е еден од водечките Европски производители и понудувачи на комплетни решенија за огноотпорни покриви и фасади. Компанијата ги продава своите производи под свое бренд име во повеќе од 50 земји во светот. Тримо е директно присутен во 27 држави, со своите компании, претставништва и агенти.

Наградата за Дизајн, Црвена Точка, за Тримо е прва награда Црвена Точка.

Повеќе за ArtMe:
http://www.qbiss.eu/en/documents/video/video-artme 



За Проектантското Студио Горење

Проектантското Студио Горење своето големо искуство и знаење ги црпи од Одделението за индустриски дизајн. Горење како независна фирма, 
во последните две години се докажа со различни проекти од областа на индустрискиот, графичкиот, архитектонскиот и услужниот дизајн. Студиото се стреми да постане проектантско студио кое ќе им помага на компаниите, дома и во странство, да постигнат поголема додадена вредност за своите производи и услуги, за крајниот корисник.

Повеќе за Проектантското студио Горење: http://www.gorenjedesignstudio.com/