Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

ArtMe - Награда за најдобра технологија

Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за најдобра Технологија“ организиран од Словенечкиот центар за развој на алатки и модели - ТЕСОЅ. Базиран на отворен повик за тендери, за поддршка на националниот систем за иновации, натпреварот е организиран како дел од проектот “Технологијата и иновацијата како јазол за комплексни системи и иновативни технологии“. Одборот прими 14 пријави. Проценката беше базирана на следните критериуми:
  • технички и технолошки аспект
  • комерцијален и економски аспект
  • окружување-пријателство и енергија-ефикасност

Авторите на победничката пријава за производна технологија-Др.Виктор Залетељ од Тримо и Др.Алеш Петек и Проф.Др.Карл Кузман од Машинскиот Факултет-ќе бидат понудени со бесплатна партиципација на интернационалната конференција ICIT&MPT, која ќе се одржи во есен 2011.

Др.Виктор Залетељ е “татко“ на ArtMe иновацијата и главен менаџер на развојниот проект. 

Кога разбра дека ја освои ArtMe, Др.Виктор Залетељ рече: “Наградата претставува признание за нашата развојна работа и нејзина практична примена во форма на производот ArtMe изразена од страна на голем број професионалци од областа на развојот на нови технологии во Словенија.
Јас, со задоволство ќе ја искористам наградата и учеството на меѓународната конференција на специјалисти, бидејќи новите знаења и познанства се од пресудно значење за развојот на нови иновативни технологии. Тоа понатаму може да донесе и поголема конкурентска предност за компанијата. Исто така би сакал да ја искористам приликата и да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во развојот на ArtMeи да им честитам на одличната работа.“