Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

CE - Тримо кровни и фасадни панели со Европски сертификат за сообразност

Требње, 27 Октомври 2009- Во Мај 2009, Тримо стана првиот производител во светот кој почна со означување на сендвич панелите со ознака ЦЕ- во согласност со контролниот систем 1 или 3. Системот за означување беше адаптиран и добро примен во повеќето од ЕУ земјите.
Во Октомври 2009, ние добивме сертификат за сообразност на нашите Тримо панели, што одговара на највисоко ниво на сообразност со европските стандарди.

Сертификатот за сообразност беше издаден од независна институција 1404 ЗАГ-Словенечки национален институт за градежништво и градежно инженерство.


Издадениот сертификат за сообразност потврдува дека производот одговара на барањата и процедурите за сообразност, како што е наведено во Европските директиви за најстрога контрола на системи 1 или 3.

 
Во системот за контрола 1, вклучени се следните групи од Тримо производи:
- Тримотерм А 12т
- Тримотерм Б 12Т
- Тримотерм А 10Т

Други групи на производи вклучени во контролниот систем 1: 
- Модуларен фасаден систем Qbiss by Trimo
- EcoSolar
- Тримотерм Б10Т
- Акустик

CE-ознаката ги обединува барањата со јасна и јавно достапна декларација за тхеничките спецификации на производот. Ова овозможува едноставно споредување на спецификации. ЦЕ ознаката исто така покажува дека карактеристиките на панелот се во согласност со претходно споменатите стандарди.

Моментно, транзицискиот период се применува и за група на производи, во согласност со стандардите ЕН 14509; 2006. Овој преоден период ќе заврши на 1 Октомври 2010. Ова, воедно е и последен ден кога овие производи ќе можат да се продаваат без CE-ознаката.