Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

Ника Зупанц- Одвеано со виорот

Милано, 13 април 2010- Познатиот епицентар за дизајн во Милано, Суперстудиото Пиу, повторно ќе биде зачинето со нежно бунтовни звуци додека Ника Зупанц со нејзиниот универзум од објекти и изјави ги претставува новините од Salone del mobile. Сите уредно спакувани во Павиљонот Виор- нов дизајнерски најголем репер, материјализиран со употреба на креативно моќниот модуларен систем Qbiss by Trimo. Salone del mobile се гледа како светски најголем годишен настан во дизајнот и мебелот. Како дел од овој настан, изложбата Времен музеј од Новиот дизајн, организирана од Џулио Капелини и Гризела Бориоли е стриктно селектиран и со космополитски поглед на многу релевантни дизајнери и компании денес. Од 13 до 19 Април 2010, Супертудиото Пиу, во таа прилика ќе ги презрентира најиновативните италијански и интернационални брендови.


Оваа година едицијата од Суперстудиото Пиу повторно ќе биде одбележана со интригантниот дух на Ника Зупанц. Со нејзината изложба Однесено со виорот, Ника Зупанц продолжува да биде искрена, додека ги открива оправдувањата за социјално прифатливиот статус кво. Со позиционирање на архетипови кои се сметаат како женски, во внимателно одбраните центри на јавно внимание, нејзините прекрасни форми стануваат референтни точки на појавување. Нејзините битки се на повисок стил. И затоа, присуството на женски литературни хероини останува задолжително.


Влезна точка во светот на Ника Зупанц- оквир за нејзината галерија и призма за поглед на нејзината работа- исто така е и метафорската структура. Тоа е малечка куќичка управувана од играчка- како ветерница однадвор, со голем бинг-бенг на конотации одвнатре. Павиљонот Виор стои како икона, евоцирајќи чувство за природа. Со тоа Ника Зупанц го опфаќа прашањето за одговорност со воведување на елеганција, и поезија од креативно изразување во претежно технички решенија.


Како и многу волшебни павиљони во минатото, овој исто така е означен како последно достигнување во индустријата- уникатниот модуларен фасаден систем Qbiss by Trimo. 

Оптички мазна површина, уникатно заоблени аголни елементи и “сенка споеви“ овозможуваат голема слобода во изразувањето и овозможуваат оптички атрактивен поглед на магична комбинација на мрежа од 45 немирни ветерници.

Внатре, во павиљонот, Ника Зупанц ќе ја стави  на дисплеј нејзината фамилија од најнови објекти. Овој пат, тие ќе Ви се обраќаат како претставници на својот вид, бидејќи тие претставуваат причина за нови симболички и емоционални дизајни кои се раскажани преку елементи од скромност и самодоверба.


Оваа година, присуството на Ника Зупанц ќе се разграни над целиот нејзин павиљон. Мооои, еден од најпознатите производители на современиот дизајн, ќе ги претстави креациите со нејзин потпис како дел од новата МОООИ колекција, во новата Мооои сала во Виа Торона 37.

Суперстудио Пиу, Виа Торона 27, Милано
Галерија 8, обложена со Qbiss by Trimo
Април 14-19 2010, од 10 наутро до 9 навечер

Изложбата Однесено со виорот е поддржана од Агенцијата за странски инвестиции на Р.Словенија – ЈАПТИ и Министерството за култура на Р.Словенија.
Документи