Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

Тримо доделува 60 награди на најдобрите, во рамките на наградите за истражувања Добитниците се од Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Италија и Унагарија

Љубљана, 3 јуни 2010 – По деветти пат, Тримо ги додели традиционалните Тримо истражувачки награди на најдобрите дипломски работи, експертски и магистерски дисертации и докторски тези. Наградите за истражување од Тримо ги добија 61 победник од 26 универзитети и факултети од осум держави ( Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Унгарија, Словенија, Србија и Швајцарија). Интернационален натпревар за истражувачки награди од Тримо

Наградите за истражување од Тримо се интернационален натпревар каде Тримо ги наградува најдобрите дипломски работи, експертски и магистерски дисертации и докторски тези во архитектурата, градежништвото, инженерингот, ИТ, економијата, правото, менаџментот и други полиња.

Натпреварот е со цел да ги поддржи истражувачките работи на недипломираните и дипломираните студенти на полињата кои се важни и интересни за равојот на Тримо. Од 2001, кога Тримо ја додели првата награда, вкупно 348 кандидати и 204 ментори од 47 училишта од 11 држави, ја добија наградата . Оваа година, беа доделени 60 награди, што е најголем број до сега.


Тримо награди за истражување 2010

Во рамките на овогодинешниот натпревар, беа наградени 27 дипломски работи, 15 магистерски дисертации и 18 докторски тези, од шест држави: Словенија (46 истражувачки проекти), Србија ( 9 истражувачки проекти), Хрватска ( 2 истражувачки проекти), и по еден истражувачки проект од Црна Гора, Италија и Унгарија. Добитниците се од 26 универзитети и факултети 
и девет држави ( Австрија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Словенија, Србија, Швајцарија).

Наградените проекти се од различни полиња, како архитектура (12), економија (14), инженеринг (8), градежништво (5) , геодезија, електро-инженерство, индустриско проектирање, човечки ресурси, право, организација и иновација,

Кандидатите требаше до 1 Март 2010 да ја достават нивната работа, додека комитетот ги зеде во предвид достасаните работи кои од респектиран комитет беа оценети како успешни во периодот од 1 јануари2009 до 31 декември 2009.

Комитетот за истражување од Тримо, пријавените работи ги предаде за оценка на стручњаци од разни области и заедно со нив ги оцени и награди најдобрите. Наградените ќе добијат парични награди, а резиме од нивната работа ќе биде објавено во понатамошната постапка од натпреварот.

Прегледани беа оние трудови кои употребуваат најчести научни предности, нови приоди и решенија, кои можат да бидат употребени од Тримо во практика и чии резултати ќе придонесат за понатамошна успешна работа на компанијата.

На церемонијата на доделување, генералниот Директор на Тримо, Татјана Финк, рече: “ Наградените трудови ќе светнат уште посветло кога ќе бидат потврдени во праксата и ќе го дадат својот придонес во развојот на човечкото друштво„ Таа исто така им се заблагодари на сите чии што наоди ќе придонесат за развојот на компанијата, ќе отворат нови перспективи за Тримо и нови погледи во одржливиот развој, кој е во интерес на сите. “Јас сметам дека нашите заеднички годишни церемонии за доделување награди се многу важни, за да се наградат најдобрите истражувачи, но како дополна на доделувањето се и директните комуникации кои често водат кон нови можности за истражување на научниците, универзитетите и Тримо“.


Милош Ебнер, Претседателот на комитетот за истражување и Директор на стратешки иновации во Тримо, им честита на добитниците со зборовите: “ Денес, повеќе од кога и да е, нам ни е потребна Вашата визија, Вашето знаење и Вашето присуство. Заедно, ние ќе придонесеме кон она што на општеството вистински му треба- доверба и одлучност за делување. Тоа се делата кои ја формираат сегашноста“ .