Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

Врвна Градежна Награда за Qbiss by Trimo

Познањ, 22-ри Јануари 2010- 19-то издание од Будма саемот докажа дека и покрај интернационалната криза, тој е сеуште најпопуларен настан во градежниот пазар од Источна и Централна Европа. На простор од 60.000 м2 беа презентирани 1350 штандови од производители кои доаѓаа од 32 земји. Изложбата беше посетена од 60.000 посетители. Главна тема на Будма беше: “Одржлива изградба-економија, екологија, луѓе“. Саемот беше фокусиран на еколошки и за луѓето пријателски материјали, технологии кои обезбедуваат висока енергетска ефикасност, комфор и функционалност на објектите, минимизирање на штетата кон животната средина, а исто така и проектирање во контекст на хармонија со културата и околината.

Тримо Полска го презентираше новиот модуларен систем Qbiss by Trimo.

На затворањето на саемот, Qbiss by Trimo беше награден со Врвната градежна награда, доделена од списанието “Градежник”.

Qbiss by Trimo беше награден како еден од најиновативните производи на полскиот пазар.