Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Помош и поддршка Испратете прашалник Телефон +389 3221 546
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...
Референца
1/9

Покриви

Општи карактеристики: одлични материјали, висока функционалност, противпожарна заштита, долг животен век. Технологијата во допир со креативноста овозможува нови пристапи и ги надминува вообичаените ограничувања.
Тримо покривните системи го комбинираат сето тоа, додека истовремено поседуваат висока енергетска вредност. Тоа е одличен производ за заштита на зградите од временските влијанија.
    

Зошто да се одбере Тримо покрив?
  • Затоа што тој претставува комплетно решение за згради во деловниот, јавниот,индустрискиот и станбениот стил.
  • Затоа што тој може да се употребува на многу начини и може одлично да се прилагоди на архитектонскиот стил.
  • Затоа што тој има одлични технички карактеристики, поддржани со сертификати.
  • Затоа што е безбеден и има долг животен век.
  • Затоа што неговата монтажа е брза и едноставна.
  • Затоа што Тримо стручњаците и задоволните муштерии можат да гарантираат за него.


Тримо покривни системи се достапни како:

Тримотерм изолирани покривни системи

Тримотерм огноотпорните покриви се одлично решение за примена на покриви со наклон за деловни згради, трговски центри, културни институции и индустриски постројки. Поради одличните карактеристики и комплетниот асортиман од технички решенија и елементи, Тримотерм покривните системи овозможуваат активни и креативни прилагодувања на сите барања од зградата. повеќе »

Тримовал неизолирани покривни системи

Широкиот асортиман од Тримовал производите погоден е за примена на покриви со наклон за индустриски постројки, магацини и куполи, каде нема потреба од термичка изолација – и во некои случаи за станбени згради. повеќе »

Тримо Eco Solar PV

Тримо Eco Solar PV фотоволтажниот покривен панел претставува иновативно и ефектно решение, нештетно за животната средина. Тоа е лесен покрив со тенок, флексибилен, фотоволтажен модул кој може да се монтира во целиот систем од соларна електрана по пат на интеграција. Одличните технички карактеристики, низа од одлични предности и нашата поддршка во управувањето со соларната енергија која се произведува, се одлична инвестиција во иднината.

Тримо Eco Solar AIR

Соларната енергија можа да се користи и за загревање на воздухот. Во Тримо развивме Тримо Eco Solar AIR воздушен приемник на соларна енергија-елемент кој ја конвертира соларната енергија во термичка енергија.