Trimo Macedonia
LinkedInEnglishКонтактПочетнаЗголеми проред на редовиЗголеми фонтИспечати
Помош и поддршка Испратете прашалник Телефон +389 3221 546
Актуелно
Тримо избран за официјален партнер на Центарот на Мекларен Технологија Тримо е една од водечките компании за фасадни решенија во Европа ...
ArtMe - Награда за најдобра технологија Требње, 17-ти март 2010- ArtMe е победник на натпреварот- “ Награда за на...

Законско известување


Нашиот интернет сајт www.trimo.mk (во понатамошниот текст наречен Тримо) дизајниран е поради давање општи информации за Тримо и неговите услуги.

Пристапот на било која идеја на Тримовиот интернет-сајт, значи дека сите забрани и услови наведени овде се прифатени. Доколку лицето не се сложува и не ги прифаќа, го молиме да не влегува на овие страници. Посетата на нашиот интернет-сајт од време на време и повторно проверување на важечките услови, се препорачува, бидејќи тие се правно обврзувачки.

Сите информации за компанијата и нејзините производи и услуги кои се на интернет-сајтот од компанијата, не претставуваат формална понуда на производи и услуги.

Официјалните или формални информации за компанијата, нејзините производи и услуги, како и работењето на компанијата, можат да се разликуваат од информациите на интернет-сајтот на компанијата.

Политиката на Тримо е да ги почитува важечките права, кои се однесуваат на интелектуалната сопственост од трети страни. Сите информации за производите, достапни на корисникот на интернет-сајтот, претставуваат само општи информации за постоењето на одреден производ кој е наведен во рамките на широкиот асортиман од Тримо производите.
 
Спомнување производи на Тримовиот интернет-сајт не значи дека Тримо навистина го продава и/или нуди одредениот производ на просторот кој или го интересира корисникот на интернет-сајтот или од кој особата има пристап на интернет-сајтот. 

Посетителот мора да го контактира Тримо и/или негови придружни компании или ограноци, за да дознае дали Тримо навистина пласира или продава 
некој производ кој тој корисник го интересира, на географското подрачје за кое корисникот е заинтересиран.

Некои информации на интернет-сајтот од Тримо, согржат општи податоци за производите. Целта на тие информации е воопштено претставување на производите и тие информации содржат само општи податоци. Ниедна од информациите за одреден производ од Тримовиот интернет-сајт не е напишана со цел за давање професионални совети или упатства за употреба на Тримо производите, освен во случај да е поинаку наведено.

Со својот сеопфатен интернет-сајт Тримо секогаш правел и ќе прави све што е можно да се осигура дека објавените информации се точни и дека податоците се сигурни, но Тримо не прифаќа одговорност за точноста и интегритетот на информациите. Тримо може во кој било момент да ја промени содржината од овој интернет сајт, на било кој начи, без обзир за причината и без претходно известување. Сите корисници ги читаат објавените содржини на сопствена сметка. Ни Тримо, ниту некое друго правно или физичко лице, кое соработува на формирање или во изработка на интерент сајтот, не може во никој случај да се смета одговорно за било каква штета која би произлегла од, или би била поврзана со постоењето, пристапот, употребата и/или неможноста за користење на овој интернет -сајт или информации на овој интернет- сајт, или било какви грешки или недостатоци во неговата содржина.

Интернет-сајтот исто така содржи информации за трета страна и е поврзан со интернет-сајтот од третата страна., каде и да е тоа, према нашата проценка, практично така е и обележано. Но, Тримо не е запознат со содржината на информациите од третите страни и затоа не презема одговорност за нивните информации кои се прикажани.

Сите информации и слики објавени на интернет-сајтот од Тримо се, внатре во оквири дозволени со закон, подложни на заштита на правата за умножување или било кој друг вид заштита на интелектуалната сопственост. Документите кои се објавени на овој интернет-сајт може да се репродуцираат само во некомерцијални цели, со останување на сила на сите наведени предупредувања во врска со заштита на правата за умножување или други права. Забрането е копирање, дуплирање или дистрибуција на документи во комерцијални цели. Заштитните знаци или комерцијалните марки кои се појавуваат на овој сајт се или заштитни знаци регистрирани од Тримо или има право да ги употребува.

Секој посетител на интернет-сајтот од Тримо може да одговори на било која информација, но Тримо нема да преземе одговорност во врска со неа.
 
Посетителите се предупредуваат дека во такви случаи, тие информации ќе бидат посматрани како неповерливи и незаштитени, освен доколку не се наведе поинаку. На тој начин, Тримо го задржува паравото слободно да употребува, копира и открива информации на други, без било какви ограничувања и без потреба да ги наведе изворите. Тримо го задржува правото и да употребува идеи, концепти, знаење, искуство и техники кои или се предмет на овие информации или ќе бидат вклучени во такви информации. Тримо, во согласност со сопствената проценка, ќе ги употребува овие информации во било каква намена.

Трми го задржува правото да ја менува содржината на овој интернет-сајт во било кое време и за било кои цели, без обзир на причината и без претходно предупредување. Тримо не презема одговорност за било кои последици од таквите промени.


Заштита на приватност
 
Со оваа изјава, Тримо ја демонстрира посветеноста на заштитата на приватноста. Нашиот систем на прибирање и ширење на интернет-сајт информации, опишан е во долниот текст.

Основните информации се користат за чување на податоци од пополнетите е-обрасци на нашиот интернет-сајт и за чување на податоци за пристапот на одредени содржини на нашиот интернет-сајт. Посетителите преземаат исклучива одговорност за кредибилитетот на личните податоци и информации за контакт. Контактните информации се користат за воспоставување врска со посетителот, кога и да е тоа неопходно. Личните податоци и контактни информации не можат да се употребуваат во било какви други цели и не можат да бидат откриени на трета страна.

Вашата IP-адреса би можела да биде употребена кога се востановуваат проблеми со серверот и кога се прават промени на интернет-сајтот.

Некои делови од интернет-сајтот од Тримо понекогаш оставаат одредени информации таканаречени “колачиња(cookies)“ во компјутерот од посетителот. Колачињата, како и некои други методи на мерење на посетеноста на интернет-сајтот обезбедуваат информации за зачестеноста на посетата на одредени страници на нашиот интернет-сајт. Оваа технологија не собира лични информации за поединечниот посетител на сајтот; таквите информации се чуваат само во единствена форма.  
Намената на оваа технологија и информациите кои се обезбедуваат служат за подобрување на нашиот интернет-сајт и за чување на некои контактни информации и лични податоци за наредните посети на нашиот интернет-сајт.

Нашиот интернет-сајт исто така содржи и линкови од други интернет-сајтови. Тримо не прифаќа никаква одговорност за заштита на приватноста и за содржината на тие интернет-сајтови.